23.01.2024 Скопје
Земјотрес со јачина од 7 степени според Рихтеровата скала вчера ја погоди областа во близина на границата на Киргистан и кинеската провинција Ксинџијанг, соопшти германскиот истражувачки центар за геологија (ГФЗ).
Земјотресот се случил на 126 километри североисточно од киргистанскиот град Кизил-Су.
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри.
Засега нема информации за материјална штета или жртви.
Подготвено од А.Ѓ.