26.01.2024 Скопје
Шведскиот премиер Улф Кристерсон го поздрави одобрувањето на Турција за влезот на оваа нордиска земја во НАТО.
„Го поздравуваме одобрувањето на Турција за ратификацијата на приемот на Шведска во НАТО алијансата. Ова е клучна пресвртница на патот на Шведска кон членство во НАТО“, објави Кристерсон на социјалната мрежа „Икс“.
Турскиот претседател Таип Ердоган ја потпиша ратификацијата на кандидатурата на Шведска, која претходно беше усвоена од турскиот парламент.
Подготвено од А.Ѓ.