08.01.2024 Скопје
Нивото на терористичка закана против Шведска останува високо, соопшти шведската служба за безбедност.
Во соопштението за печатот се наведува дека проценката на терористичката закана против Шведска останува на ниво четири од пет на скалата.
„Прикажувањето на Шведска како земја непријателска кон исламот силно придонесе за зголемување на терористичката закана од насилниот исламизам“, посочија од разузнавачката служба.
Во соопштението се додава дека годишната проценка покажува дека Шведска останува приоритетна цел.
Шведската безбедносна служба забележува дека заканата доаѓа од независни напаѓачи и групи контролирани однадвор.
Скандинавската земја го подигна нивото на закана од тероризам во август минатата година, откако сквернавењето на Куранот предизвика осуда низ муслиманскиот свет.
Подготвено од А.Ѓ.