04.01.2024 Скопје
Владата во Берн соопшти дека Швајцарија ги укина царините за увоз на индустриски производи за да ги намали високите потрошувачки цени.
Увозниците повеќе нема да плаќаат царини за производи за широка потрошувачка и за суровини, полупроизводи и машини. Од Министерството информираат дека царините за увоз на земјоделски производи остануваат во сила.
Министерството за економија објави дека со овој потег државата ќе загуби околу 600 милиони швајцарски франци, 645 милиони евра, годишен приход. Поволниот ефект врз економијата и граѓаните беше проценет, сепак, на 860 милиони франци (924 милиони евра).
Сумата вклучува 490 милиони франци заштеда за фирмите на царина и најмалку 100 милиони за административни процедури.
Како што објасни експертот за СЕКО, Томас Цимерман, царините учествуваа само со околу 1,5 отсто од државните приходи во последните години, а тие ја намалија конкурентноста на швајцарската економија и поддржаа високо ниво на цени, значително повисоки отколку во соседните земји.
Досега Швајцарија има склучено договори за слободна трговија со Европската унија и уште 43 земји или групи земји.
Подготвено од А.Ѓ.