https://www.facebook.com/olafscholz/photos/10159990788329311

09.01.2024 Скопје

„Повеќето земји од Европската унија не и снабдуваат доволно оружје на Украина за да и помогнат во борбата против руските специјални воени операции“, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц.

Шолц ги повика сојузниците да ги засилат своите напори за давање воена помош за Киев.

„Американската воена помош за Украина чека одобрување од Конгресот, но потребно е и Европа да се вклучи“, истакна Шолц.

Германскиот канцелар го повтори и своето ветување дека германската влада ќе го поддржува Киев се додека е потребно.

Германија се соочи со критики во првите месеци од руската специјална воена операција во Украина за недоволна воена поддршка за Киев, како што се очекуваше од една од големите европски сили. Меѓутоа, Германија во моментов е еден од најголемите донатори на воена и финансиска помош за Украина.

На крајот на минатата година, Берлин се согласи да ја удвои воената помош за Украина во 2024 година на осум милијарди евра.

„Колку и да е значаен германскиот придонес, тој нема да биде доволен за да се обезбеди безбедноста на Украина на долг рок“, рече Шолц на прес-конференција во Берлин.

„Затоа, ги повикувам сојузниците во Европската унија да ги засилат своите напори во врска со Украина. Планираните испораки на оружје за Украина од страна на повеќето членки на ЕУ не се доволни“, додаде тој.

Шолц рече дека Берлин побарал од ЕУ да провери со поединечните земји-членки што планираат да и достават на Украина бидејќи можеби не е сè познато.

Тој изрази и уверување дека Унијата ќе се договори за предложениот пакет помош од 50 милијарди евра за Украина на претстојниот вонреден самит на 1 февруари.

Пакетот за помош не беше договорен на претходниот самит во декември поради противењето на Унгарија.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author