severna koreja

05.01.2024 Скопје

Северна Кореја истрела повеќе од 200 артилериски ракети во близина на нејзиниот западен брег, во близина на јужнокорејските острови Бенгњеонг и Јеонпјеонг.

Се наведува дека артилериски гранати паднале во зоната на одвојување, северно од Северната гранична линија (NLL) помеѓу 9 и 11 часот по локално време.

Јужна Кореја нареди евакуација на два нејзини острови по севернокорејскиот артилериски оган.

„Северна Кореја истрела околу 200 гранати во близина на островот Јеонпјеонг“, изјави претставник на Министерството за одбрана на брифинг.

Локален функционер потврди дека и жителите на островот биле замолени да се евакуираат.

Генералштабот на армијата на Јужна Кореја соопшти дека открил артилериски оган северно од граничната линија на демилитаризираната зона, де факто поморската граница меѓу двете земји.

Тампон зоната беше формирана како дел од меѓукорејскиот воен договор потпишан на 19 септември 2018 година, за да се намалат тензиите на границите.

Јужна Кореја ги нарече севернокорејските вежби како провокација, а во овој инцидент не е забележана штета.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author