25.01.2024 Скопје
Северна Кореја соопшти дека ја тестирала својата нова стратешка крстосувачка ракета во текот на вчерашниот ден.
Ракетата наречена „Пулвасал-3-31“ моментално е во развој и пробното истрелување немало влијание врз безбедноста на соседните земји, наведуваат државните медиуми, додавајќи дека „нема никаква врска со регионалната ситуација“.
Тестот е исто така дел од процесот на ажурирање на вооружените системи на земјата, според информациите од Ракетната администрација.
Началникот на здружениот генералштаб на Јужна Кореја соопшти дека верува дека лансирањето било за тестирање на надградба на способностите на постоечките ракети.
Војската на Јужна Кореја во текот на вчерашниот ден соопшти дека Северот истрелал повеќе крстосувачки ракети во морето во близина на нејзиниот западен брег околу 7 часот наутро во средата, додека јужнокорејскиот министер за одбрана Син Вон-сик го осуди лансирањето како сериозна закана за неговата земја.
„Стратешки“ обично се однесува на нуклеарно оружје.
Северна Кореја го изврши првото тестирање на крстосувачка ракета за можни нуклеарни напади во септември 2021 година.
Јужна Кореја во четвртокот соопшти дека започнува со масовно производство на извидувачки беспилотни летала на средна височина со цел да ги распореди во 2027 година за да ги подобри способностите за надзор и да придонесе за воениот извоз.
Севернокорејските крстосувачки ракети имаат тенденција да привлекуваат помал интерес од балистичките ракети бидејќи тие не се конкретно забранети со ниту една резолуција на Советот за безбедност на ОН.
Сепак, аналитичарите тврдат дека крстосувачките ракети со среден дострел за копнени напади не се ништо помала закана од балистичките ракети и се сериозна закана од Северна Кореја.
Крстосувачките и балистичките ракети со краток дострел што можат да бидат опремени со конвенционални или нуклеарни бомби се сметаат за особено дестабилизирачки во случај на конфликт, бидејќи може да биде нејасно каков тип на боева глава носат.
Подготвено од А.Ѓ.