09.01.2024 Скопје
По првата средба со координаторите на пратеничките групи, од 22 до 28 јануари ќе се одвиваат формалните подготовки за техничката Влада во Собранието.
Во периодот од 22 до 28 јануари на пленарна седници ќе се реализираат следниве процедури: констатирање на оставка на претседател на Влада и претседател на Собрaние, избор на нов претседател на Собрание, информирање на претседателот на државата за доделување на мандат на нов претседател на Влада, избор на Влада, министри, заменици министри и дополнителни заменици министри, како и констатирање на престанок на мандат на пратеник и верификација на мандат на нов пратеник во Изборна единица 5. За сите активности и прецизни рокови ќе информираме навремено, посочуваат од Собранието.
Во Собранието денеска има и седница на Комисијата за локална самоуправа на која на дневен ред е Презентација на извештаите од оценката на спроведувањето на Законот за локалната самоуправа и Законот за Градот Скопје.
Првата нова пленарна седница во 2024 година е закажана за 16 јануари. На дневен ред се повеќе точки со пристигнати нови материјали.
Подготвено од М.Д.