decaa

25.01.2024 Скопје

Според нацрт-законот усвоен од Претставничкиот дом на Флорида, на младите во Флорида помлади од 16 години ќе им биде забрането да ги користат социјалните мрежи без оглед на одобрението од родителите.

Нацрт-законот не кажува кои платформи ќе бидат забранети, но ги таргетира сите социјални медиуми кои ја следат активноста на корисниците, им дозволуваат на децата да објавуваат и да комуницираат со други, како и да користат функции за зависност дизајнирани да предизвикаат прекумерна или компулсивна употреба. Воедно, овој нацрт-закон не се однесува на апликациите што се користат за приватни пораки меѓу поединци.

„Тие ги користат предностите на децата кои растат. Тоа е нивниот бизнис модел. И зошто го прават тоа? За да ги држиме приврзани со допаминските хитови што платформата им ги дава на нашите деца со секое автоматско играње, со секој лајк, со секое притискање“, рече републиканскиот пратеник Тајлер Сироис, кој стои зад законот.

Законот беше усвоен со 106 гласа „за“ и 13 „против“, а мерката ќе бара социјалните мрежи да ги отстранат профилите на сите помлади од 16 години.

Предлог-законот се уште чека одобрување во Сенатот, кој исто така е под контрола на републиканците, како и во Претставничкиот дом на Флорида.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author