11.01.2024 Скопје
Носењето маски од денеска ќе биде задолжително во болниците и здравствените домови во Шпанија, поради зголемувањето на бројот на заболени од респираторни инфекции, соопшти шпанското Министерство за здравство.
Новата коалициска влада на левичарското малцинство ја наметнува мерката и покрај противењето на мнозинството од 17 автономни шпански региони.
Шпанската министерка за здравство Моника Гарсија синоќа изјави дека ова е основна и едноставна мерка.
Министерството за здравство одлучи да ја воведе мерката откако не постигна договор со регионалните здравствени власти, од кои многумина тврдеа дека употребата на маски треба да се препорачува, но не и задолжително.
Шест шпански региони веќе ја воведоа мерката, а маските станаа вообичаени во последниве месеци на улиците и во јавниот превоз, како и во здравствените центри.
Шпанските болници беа под огромен притисок во последните недели, по наглото зголемување на бројот на случаи на грип, корона и други респираторни заболувања.
Шпанија минатиот јули прогласи формален крај на здравствената криза предизвикана од пандемијата на корона и оттогаш не е задолжително носење маски во здравствените домови и аптеките.
Повеќе од 14 милиони случаи на корона вирус и околу 120.000 смртни случаи од оваа инфекција се регистрирани во Шпанија.
Подготвено од А.Ѓ.