26.01.2024 Скопје
Се урна огромен дел од црквата изградена во 1850 година во центарот на Нов Лондон во американската сојузна држава Конектикат.
Властите соопштија дека иако внатре имало жена, таа за чудо останала неповредена.
Полициската управа на Нов Лондон ги предупреди луѓето да се држат подалеку од центарот на градот поради урнатата зграда.
Полицијата не ја утврди причината за колапсот и истрагата е во тек.
Подготвено од А.Ѓ.