25.01.2024 Скопје
Стечајниот управник Ацо Петров вели дека за пакетот на хотел „Кристал“ највисоката понуда е 46,5 милиони денари или 84,24 проценти од проценетата вредност на имотот.
На продажба се ставени само подрумот и приземниот дел на хотелот, кои се пренесени на име на АД Бисерка, додека останатиот дел уште не е прокнижен иако има правосилна пресуда.
За некогашниот хотел „Куманово“ достигната е цена од 20.5 милиони денари или 84 отсто од проценетиот имот. Во овој објект се продава само приземјето, бидејќи катот бил продаден од УЈП уште пред десетина години.
За помошните простории на хотел Ку-Ба, кои некогаш се користеле како соблекувална на отворениот базен, највисоката понуда е 2,6 милиони денари или 82 отсто од вредноста на имотот.
„Имаме квалитени понуди, кои треба да ги разгледа Собранието на доверители, кое дополнително ќе се закаже, по што ќе се знае конечната одлука за продажбата“, вели Петров.
Овој имот веќе еднаш бил на продажба, но понудата не била прифатлива за доврителите.
Останатиот имот на Кристал и Ку-ба ќе се продава дополнително.
Подготвено од М.Д.