Gordana Besliovska

25.01.2024 Скопје

Поради партиски вработувања, но и поради ниските примања и договорите на дело, се повеќе медицински персонал се одлучува да замине на работа во Европските држави, потенцираше претседателката на „За нас“ – Здружение на медицински сестри, техничари и акушерки, Гордана Бешлиовска.

Министерот за здравство Фатмир Меџити вели дека правните служби од Министерството веќе работат на огласите. Освен ниските приходи, во болниците има различни правилници.

Медицинските сестри со средно образование имаат многу ниски примања, додека сестрите со високо образование не добиваат дежурства за да не бидат платени повеќе, а нивните дежурства паѓаат на грбот на оние со средно образование.

Повеќе од 2.000 вработени во здравствените установи се со договор на дело, иако протестираа и бараа вработување досега не го добија.

Подготвено од М.Д.

 

.

 

About Author