ekonomija svet

09.01.2024 Скопје

Питер Опенхајмер, шеф на макро истражување за европскиот пазар во Голдман Сакс, рече дека глобалната економија се движи кон нов суперциклус.

Како причини за тоа ги истакна вештачката интелигенција и декарбонизацијата.

Суперциклусите обично се дефинираат како долги периоди на економска експанзија кои често се придружени со раст на БДП, силна побарувачка што доведува до пораст на цените и високи стапки на вработеност.

Зборувајќи за неговата нова книга „Секое среќно враќање“, Опенхајмер истакна дека последниот суперциклус започнал во 1980-тите. Тој не очекува нагло намалување на каматите во следните десет години, но смета дека во тек е враќање на глобализацијата.

И покрај глобалните предизвици за економијата, тој посочи дека има фактори кои ќе придонесат за економска експанзија, а тоа се вештачката интелигенција и декарбонизацијата.

Тој потсети дека вештачката интелигенција се уште е во рана фаза, но дека се повеќе се користи како основа за нови производи и услуги. Тој изјави дека продуктивноста ќе се зголеми благодарение на вештачката интелигенција.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author