25.01.2024 Скопје
Неочекувано и без образложение СДСМ ја повлече кандидатурата на поранешниот јавен обвинител Љубомир Јовески за уставен судија.
Jовески беше кандидат да биде еден од деветте судии кои го чинат Уставниот суд, откако им истече мандатите на неколкумина од нив. Пратеници од опозицијата побараа дискусија за ова, но седницата на Комисијата беше затворена.
Неочекуваниот пресврт на настаните го остави Јовески збунет, а она што навистина го привлече беше како што вели непостоењето на суштинско објаснување за повлекувањето. На продолжението на седницата, претседателот на надлежната собраниска комисија најави повлекување без да навлегува во основните причини за ваквата одлука.
Подготвено од М.Д.