03.01.2024 Скопје
Министерот за надворешни работи на Саудиска Арабија, принцот Фајсал бин Фархан, во август изјави дека кралството ќе ги проучи деталите пред предложениот датум за пристапување на 1 јануари и ќе донесе „соодветна одлука“.
Тој посочи дека групата БРИКС е „корисен и важен канал“ за зајакнување на економската соработка.
Блокот БРИКС претходно го сочинуваа Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужноафриканската Република, но од 1 јануари тој беше двојно зголемен од новите членки – Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Египет, Иран и Етиопија.
Влегувањето на Саудиска Арабија во БРИКС доаѓа во услови на геополитички тензии меѓу САД и Кина и проширување на кинеското влијание врз кралството.
И покрај силните врски со САД, Саудиска Арабија се повеќе оди по својот пат поради загриженоста дека Вашингтон е помалку посветен на безбедноста на Персискиот Залив отколку во минатото.
Кина, најголемиот купувач на нафта од Саудиска Арабија, ги предводеше повиците БРИКС да се прошири и да стане противтежа на Западот.
Подготвено од А.Ѓ.