05.01.2024 Скопје
Портпаролот на Стејт департментот, Метју Милер, изјави дека иако САД ќе продолжат да ја поддржуваат Украина сè додека е потребно, тоа не мора да значи дека количината на воено финансирање ќе остане иста како што беше во 2022 и 2023 година.
„Ние ќе продолжиме да ја поддржуваме Украина. Тоа е американска политика. Сè додека е потребно. Сепак, тоа не значи дека ќе продолжиме да ги поддржуваме на исто ниво на воено финансирање како што направивме во 2022 и 2023 година“, рече Милер.
Милер објасни дека САД нема да продолжат со финансирање на ниво на претходните две години затоа што целта на администрацијата на претседателот Џо Бајден е да ја донесе Украина до тој степен што може да ја обнови својата воено-индустриска база самостојно и со тоа да добие муниција.
Подготвено од А.Ѓ.