sad zname

12.01.2024 Скопје

Американскиот Стејт департмент одобри потенцијална продажба на 246 проектили Javelin на Приштина за проценета вредност од 75 милиони долари, соопшти Пентагон.

Како што наведе, главни изведувачи ќе бидат Javelin Joint Venture, која ја сочинуваат Lockheed Martin и Raytheon Missiles and Defense.

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави претходно дека Србија ќе продолжи да се однесува одговорно и да придонесува за стабилноста на Балканот, како и да работи на зачувување на српско-американските односи, и покрај фактот што САД одлучија да го прифатат барањето на Приштина за купување анти -тенковски проектили „Javelin“.

Вучиќ го прими американскиот амбасадор Кристофер Хил, кој го информираше за американската одлука, за која претседателот рече дека е „големо разочарување“ за Србија.

Министерот за одбрана на приштинските власти Ејуп Македончи потврди дека се започнати процедурите за набавка на противтенковски ракети Javelin од САД и посочи дека одлуката за оваа набавка е дел од планот за транзиција на косовски безбедносни сили во армијата.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author