11.01.2024 Скопје
Финска ќе го продолжи периодот на затворање на границата со Русија, кој требаше да заврши на 15 јануари, изјави министерот за земјоделство и шумарство Сари Есаја.
„Границата ќе остане затворена“, изјави Есаја.
Финските медиуми претходно објавија дека владата ќе ја продолжи мерката.
Финска ја затвори границата со Русија кон крајот на минатата година за да спречи зголемен број баратели на азил да влезат во земјата и објави дека Москва го организирала приливот, што Кремљ го негираше.
Околу 900 баратели на азил од земји како Кенија, Мароко, Пакистан, Сомалија, Сирија и Јемен влегле во Финска од Русија во ноември, покажуваат податоците на финската гранична служба.
Подготвено од А.Ѓ.