RUDNIK SASA

03.01.2024 Скопје

Со Договорот за донација што го потпишаа директорот на Фондација САСА, Ивица Талевски, и вршителот на должноста директор на ЈЗО Здравствен дом „Гоце Делчев“ од Делчево, Зоран Ѓорѓевски, е предвидено новата опрема да се користи само во просториите на Здравствената станица во Македонска Каменица. Истовремено, здравствениот дом, како примател на донацијата, презема обврска да обезбеди и стручен кадар кој ќе биде обучен од страна на добавувачот на опремата за нејзината правилна употреба.

Во рамки на својата континуирана поддршка на локалната заедница, Рудник САСА и групацијата Центар Азија Металс донесоа одлука за реализација на донација која треба да придонесе за подобрување на здравствените услуги за жителите во општина Македонска Каменица. Со најновата донација вредна над 80 илјади евра, што се реализира преку Фондацијата на Рудник САСА, ќе се набави најсовремена опрема за дигитална радиографија – рендген апарат и ќе се постави во Здравствената станица во Македонска Каменица.

Донираната опрема претставува најнов модел на современ медицински апарат, произведен во 2023 година, што користи најнапредна дигитална технологија која овозможува извршување на прецизни рендген снимања и дијагноза.

Подготвено од М.Д.

 

About Author