gradezni rabotnici

24.01.2024 Скопје

Се чини дека изменетиот предлог на Законот за странци наскоро ќе го види светлото на денот и ќе им ги олесни деловните маки на странските работници кои ја нашле ветената земја во Хрватска.

Црните списоци и шестгодишните казни за работодавачите кои нема да пријават вработени треба да го регулираат незаконското работење, додека курсевите по хрватски јазик „по мерка“ ќе им олеснат на странските работници да учат поими и зборови поврзани со нивната професија.

Од Министерството за труд, пензиски систем, семејство и социјална политика потврдија дека се подготвува единствен правилник во кој ќе се обединат две листи – списокот на работодавачи кај кои е утврдена работа на црно и оние кај кои по извршениот увид не е забележано прекршување на работничките права.

Во превод, на црна листа одат оние работодавачи кои не ги пријавуваат работниците навремено и ќе бидат фатени од инспекцијата, додека оние кои се придржуваат до законот и прописите очекуваат одредени поволности. Откако работодавачот е на црната листа, тој останува на црната листа шест години од денот кога со пријавата е констатирана непријавена работа.

Списокот ќе го утврдува и води Министерството за труд, а дополнителните детали како содржината, начинот на регистрација и роковите за објавување на податоците на работодавачите ќе бидат пропишани со правилникот што ќе се донесе во текот на првиот квартал од оваа година, по координација со надлежните инспекциски тела и социјалните партнери.

Државниот секретар на Министерството за труд Иван Видиш изјави дека тој ќе биде донесен во првиот квартал на 2024 година.

Тој ги потврди и шпекулациите дека работните дозволи за странците ќе бидат продолжени од една на три години, што би требало да ја забрза процедурата за пристигнување на странци во Хрватска и да ја растовари администрацијата.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author