04.01.2024 Скопје

Густа магла има на голем број патни правци, информираат од АМСМ и апелираат да се вози внимателно. Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по наместа влажни коловози.

Намалена видливост поради појава на магла од 50 до 100 метри има на патните правци Скопје – Куманово, Скопје – Велес и Велес – Неготино, од 70 – 100 метри на патниот правец Неготино – Демир Капија и до 100 метри на патниот правец Прилеп – Македонски Брод – Кичево, информираат утрово од ЈП Македонија пат.

Поради присуството на густа магла и влажните коловози потребно е да се вози доста внимателно со вклучени светла и дополнителните предни и задни светла за магла на автомобилите и да се одржува потребно растојание меѓу возилата во услови на намалена видливост. Постои и опасност од одрони во засеците и клисурите, така да треба да се биде внимателен и да не се брза.

Подготвено од М.Д.

 

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *