03.01.2024 Скопје
Во Финска и Шведска се забележани најниски температури во текот на оваа зима околу минус 40 Целзиусови степени.
Во селото Никалуокти, населено со домородно население Лапонско во северна Шведска, температурата вчера наутро се спуштила на минус 41,6 степени.
„Тоа е најниската температура забележана досега оваа зима, а на север ќе биде уште прилично студено“, рече метеорологот Нилс Холмквист.
Екстремно студеното време предизвика големи проблеми во железничкиот сообраќај во северна Шведска, соопштија железничките оператори.
Шведскиот метеоролошки и хидролошки институт соопшти дека на неколку локации во северна Шведска се забележани температури од минус 30 степени.
Исто така, издаде предупредување за снег и ветер за централна и јужна Шведска, велејќи дека снежните врнежи и силниот ветер во среда може да предизвикаат проблеми.
Неговото второ предупредување по ред е на сила од полноќ до среда.
Во соседна Финска утрово е забележана рекордно ниска температура оваа зима во северозападниот град Јливијеска од минус 37,8 степени.
Температури пониски од минус 30 степени се забележани на неколку локации во регионот на Арктичката Лапонија.
Главниот град на Финска, Хелсинки, исто така е погоден од силен студ, а се очекува оваа недела температурите да се движат меѓу минус 15 и минус 20 степени.
Финскиот метеоролошки институт издаде предупредување за екстремно студено време оваа недела со прогноза за пад на температурите под минус 40 степени.
Подготвено од А.Ѓ.