Image by Allexxandar on Freepik

02.01.2024 Скопје

Повеќе од 65.000 луѓе денеска учествуваа во традиционалното новогодишно капење во морето во Холандија, а повеќе од 10.000 луѓе скокнаа во морето од плажата во областа Шевенинген во Хаг.

Бројката од 65.000 луѓе претставува нов рекорд, а луѓето скокнале во морето од 163 локации во Холандија, од претходниот 1 јануари, околу 50.000 луѓе учествувале во пливање, скокајќи во морето од 143 локации во државата.

Температурата на водата на плажата во Шевенинген била околу седум степени Целзиусови и имало силен ветер, а сонцето се појавило само кога луѓето излегле од водата, се сушеле и јаделе топла супа.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author