10.01.2024 Скопје
Македонската економија годинава ќе забележи раст од 2,5, а во 2025 од 2,9 отсто, прогнозира Светска банка во јануарскиот извештај за глобалните економски перспективи.
Според Светска банка, глобалниот економски раст во 2024 година ќе продолжи да се забавува и ќе биде 2,4 отсто, што е помалку од 2,6 проценти во 2023, 3,0 отсто во 2022 и 6,2 во 2021 година. Се очекува Еврозоната годинава да постигне раст од 0,7 отсто, што е скромно подобрување во однос на минатогодишните 0,4 отсто.
Подготвено од М.Д.