HAPSENJE-1

11.01.2024 Скопје

Обвинителството осомничи 8-на насилници од групата на Беким Незири, функционер на ДУИ и советник на директорот на МНАВ, за кривично дело по член 303 став 2 за  дело Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај. Судот не им определи притвор на 4-цата приведени, меѓу кои и Незири, иако се осомничени за дело за кое минимална казна е 5 години затвор.

Откако судот неколкупати потенцира дека нема никакви предлози за 4-цата избегани по упадот во МНАВ, од обвинителството на прашање на Телма одговорија дека се преземени сите мерки во рамка на истрагата и според важечките прописи.

По лицата во моментов се трага врз основа на централен распис. Пред да биде распишана меѓународна потерница потребно е да бидат преземени сите мерки на национално ниво за пронаоѓање на лицата на територија на РСМ. Доколку не бидат пронајдени, МВР за тоа треба да го извести обвинителството. Потоа според меѓународните конвенции за екстрадиција најпрво судија на претходна постапка треба да определи мерка притвор во отсуство за лицата кои не се достапни на органите на прогонот, по што обвинителството може да побара да биде распишана меѓународна потерница.

Подготвено од М.Д.

About Author