makedonija-dobi-nacionalen-orkestar-za-jazz-muzika 2

17.01.2024 Скопје

Во Националната опера и балет на 23 јануари Националниот џез оркестар ќе го одржи својот прв концерт оваа година и под новото име насловен „Џез нова“.

„Со овој концерт свечено ќе го одбележиме почетокот, односно продолжувањето на нашата работа, но овојпат како Национален џез оркестар. На програмата се композиции за биг бенд од македонски автори од различни генерации, така што ветуваме уште еден незаборавен концерт“, велат од Националниот џез оркестар.

Во декември, џезерите, НОБ, министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и генералниот директор на ТАВ Фатих Кан потпишаа договорот за реконструкција и адаптација на просторот доделен на Џез оркестарот кој го доби како траен дом од Владата. Просторот од 475 квадратни метри е дел од објектот на Националната опера и балет, за чие реновирање Владата обезбеди 10 милиони денари.

 Подготвено од М.Д.

About Author