22.01.2024 Скопје
Просечната нето плата во Хрватска во ноември 2023 година изнесува 1.208 евра, што е номинално повисока за 15 отсто, а реално за 9,8 отсто, објави на својата веб-страница Хрватската државна служба за статистика (ДЗС).
Просечната нето плата за ноември изнесува 1.030 евра, што значи дека 50 отсто од хрватското население заработува помалку од таа сума.
Највисока просечна нето плата во Хрватска во ноември е исплатена во секторот авиосообраќај, 1.840 евра, а најниска во областа на безбедносните и истражните активности, 751 евро.
Државниот завод за статистика истовремено објави дека стапката на регистрирана невработеност во Хрватска за декември изнесува 6,5 отсто.
Годишната стапка на инфлација во Хрватска падна на 4,5 отсто во декември од 4,7 отсто во ноември, според прелиминарните проценки.
Подготвено од А.Ѓ.