M NAV

09.01.2024 Скопје

М-НАВ е најпосакуваната државна компанија на ранг листата за вработување во однос на сите државни акционерски друштва и јавни претпријатија, а тоа го покажуваат официјалните податоци за независната финансиска ревизија што друштвото ја ангажирало за работењето во 2022 година.

За жал, последниве денови токму таа компанија е во фокус на јавноста по инцидентот во кој учествувале вработени во М-НАВ, меѓу кои и висок функционер на ДУИ и поранешен министер, екс директор на М-НАВ и директор на ПИОМ. Од неколку лица кои неоваластено биле во кулата за наведување авиони бил нападнат контролор на летање. За инцидентот се превземени мерки од органите на прогонот се очекува и кривична пријава, а Владата најави дека денеска ќе ги смени директорите во М-НАВ.

Акционерското друштво во државна сопственост за вршење на дејноста давање услуги во воздухопловната навигација М-НАВ АД Скопје е акционерско друштво основано во 100% сопственост од страна на Владата. Друштвото постои од 4 ноември 2008 година. Во согласност со одредбите утврдени во Законот за воздухопловство, М-НАВ е авторизиран давател на услуги на воздухопловна навигација. Во текот на 2022 година, друштвото доби решение за продолжување на уверението за работа за давање на услуги на воздухопловна навигација за период од 2 години сметано до 09.03.2024 година.

М-НАВ е акционерско друштво со најголеми директорски плати меѓу сите други државни акционерски друштва во Република Северна Македонија и според независната ревизија, просечната месечна бруто плата на тројцата директори во М-НАВ за 2022 година изнесувала неверојатни 6.100 евра.

Подготвено од М.Д.

 

About Author