10.01.2024 Скопје
Поради големиот притисок да се стигне рокот и метежите пред пунктовите на МВР, каде што луѓе чекаат со часови во редици, шефот на државата вчера рече дека на двајца министри им предложил со брза интервенција во законите за лични карти и за патни исправи, рокот да може да се одложи до септември-октомври и за тоа да биде известена Грција.
Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека ќе се консултира со двајцата министри со кои разговарал претседателот на државата Стево Пендаровски во врска со предлогот да се пролонгира рокот за замена на лични документи кој, согласно Преспанскиот договор, истекува на 12 февруари.
Во однос на рокот за промена на личните документи на македонските граѓани премиерот рече дека не е наметнато од Владата туку е обврска произлезена од потпишан меѓународен договор кој, како што рече, овозможил да станеме земја членка на НАТО.
Подготвено од М.Д.