27.01.2024 Скопје
ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје и нејзините објекти на ден 23 јануари 2024 година (среда) беа исклучени од струја. Причината е една неплатена сметка за електрична енергија и три за дистрибуција на истата.
Како јавна установа (цела библиотечна мрежа во Скопје) средствата за работа, а оттука и за режиски трошоци ги добиваме од Градот Скопје. Тие беа запознаени со проблемот и веднаш реагираа.
„Проблемот беше решен за помалку од 24 часа. Утрото на 25 јануари сите наши библиотеки продолжија со непречена работа, за што уредно ги информиравме и сите наши корисници и читатели преку нашите профили на социјалните мрежи“, информираат од градската билиотека „Браќа Миладиновци“.
Во врска со вториот дел од вашата информација за работењето на ГБСК, а во нејзини рамки и Читалната во главниот објект за време на корона кризата, ве потсетуваме дека реакцијата на УСС УКИМ е од пред три години, односно токму во време на короната. Тогаш Библиотеката како јавна установа работеше согласно насоките од Комисијата за заразни болести и од Градот Скопје. 24 часовното работење е вратено на 13.1.2022 година.
Важна информација за Читалната во главниот објект (читални 1 и 2), особено важна и потребни на студентите, а на кои се осврнувате во текстот:
Работното време 24/7 е воведено во 2004 година, односно пред 20 години.
Оттогаш до денес Читалната е важен центар за академската заедница во Скопје и пошироко, на што сме особено горди. Оттука, остро реагираме и на Вашиот наслов со кој внесувате забуна кај јавноста, која знае за две децениската традиција на Читалната.
Паузи во ваквиот начин на работење има за време на празници. Во периодот од 2-13 јануари 2024 година Читалната работеше во две смени за што уредно ги информиравме нашите корисници.
Подготвено од М.Д.