JOVAN MITRESKI

26.01.2024 Скопје

Собранието денеска ги констатира оставките на премиерот Димитар Ковачевски и на претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Премиерот Ковачевски и претседателот на Собранието не ги образложија оставките.

За предлогот Јован Митрески да биде претседател на Собранието збор побара само лидерот на Левица, Димитар Апасиев кој рече дека за првпат од партијата добива налог да прочита нешто, порака како што рече, напишана од граѓани стружани, од градот на Митрески.

„Друже Јовче, златна рипка да фатеше во езероно, немаше да ти текне дека че станиш претседател на Собранието“, рече меѓу другото Апасиев на струшки дијалект.

По гласањето за нов претседател на Собранието, Јован Митрески даде и потиша свечена изјава дека одговорно ќе го води парламентот и со тоа стапи на функцијата.

Потоа, од претседателското место упати благодарност до Талат Џафери за досегашното, како што рече, успешно раководење со законодавниот дом, до сите пратеници и пратенички групи, како и до службите.

Седницата под раководство на Митрески продолжи со обраќање на министерката за култура која побара пратениците да го изгласаат предлог- законот за македонски јазик со кој, меѓу другото, се наложува сите институции да вработат лектор и да се лекторираат сите документи и соопштенија.

Ковачевски и Џафери, кој ќе биде мандатар за состеав на техничката влада, оставките ги поднесоа вчера како вовед на изборот на техничката влада на 28 јануари, сто дена пред парламентарните избори на 8 мај.

Подготвено од М.Д.

About Author