sednica ON

24.01.2024 Скопје

Претставници на неколку арапски земји ја напуштија седницата на Советот за безбедност за ситуацијата во Газа за време на говорот на израелскиот амбасадор Гилад Ердан.

По обраќањето на палестинскиот министер за надворешни работи Ријад ал Малики, збор доби Ердан, но одреден број дипломати ја напуштија салата во која се одржува седницата.

Тие се вратија дури откако израелскиот функционер го заврши своето обраќање.

Ердан за време на говорот рече дека палестинската милитантна група Хамас го претворила Појасот Газа во „воена машина“ откако израелските сили се повлекоа од областа пред 18 години.

„Некои се за постојан прекин на огнот, кој би го задржал Хамас на власт. Ова би го ставило Израел во егзистенцијален ризик бидејќи Хамас се обидува да го уништи Израел“, рече Ердан на седницата на Советот за безбедност на ОН за ситуацијата во Газа.

Сепак, тој додаде дека „војната ќе заврши веднаш“ доколку Хамас ги ослободи заложниците што ги држи во Газа.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author