sad belata kuka

11.01.2024 Скопје

Во извештајот на Родиум груп се наведува дека загадувањето со стакленички гасови се намали за речиси два отсто во Америка во 2023 година, и покрај побрзиот еконосмки раст.

Независната истражувачка организација истакна дека падот, иако е „чекор во вистинската насока“, е далеку под стапката потребна за исполнување на ветувањето на претседателот Џо Бајден за преполовување на емисиите на стакленички гасови во САД до 2030 година, во споредба со нивото од 2005 година.

Бен Кинг, помошник директор во Родиум груп и главен актор на студијата истакна дека ако ништо друго не се промени, САД се на пат да ги намалат емисиите за околу 40 отсто под нивото од 2005 година до крајот на деценијата.

Во извештајот се наведува дека емисиите на јаглерод во САД се намалени за 1,9 отсто минатата година. Но, за да се исполни целта на Бајден, емисиите ќе треба да се намалат со стапка повеќе од три пати од бројот во 2023 година и да се одржуваат на тоа ниво секоја година до 2030 година.

Зголемената економска активност, вклучувајќи поголемо производство на енергија и поголема употреба на автомобили, камиони и авиони, може да се поврзе со поголемо загадување, иако не секогаш постои директна корелација.

Американската економија ќе порасне за предвидените 2,4 проценти во 2023 година, според одборот на конференцијата, група за деловни истражувања.

Бајден и конгресните демократи го усвоија најширокиот закон за климата во историјата на САД во 2022 година, но неговите ефекти штотуку почнуваат да се чувствуваат и веројатно нема да имаат значително влијание врз емисиите неколку години, процени Кинг.

Конгресот го усвои и законот за инфраструктура во 2021 година, а Агенцијата за заштита на животната средина издаде правила и предлози за ограничување на емисиите на метан и загадувањето од термоелектраните на јаглен.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author