11.01.2024 Скопје
Со новиот закон, според предлагачот, ќе се прошират областите во коишто задолжително се употребуваат македонскиот стандарден јазик и неговото кирилско писмо. Ќе се прошири опсегот на задолжително лекторирање текстови што се објавуваат: општите и поединечните акти на законодавната, на извршната и на судската власт и на единиците на локалната самоуправа, службените документи и текстови на овие органи, но и на јавните установи и институции од областа на културата, образованието и науката.
Првата точка која беше на дневен ред на седницата, а се однесуваше на активности за подготовка на Предлог-програма за одбележување јубилејни годишнини на значајни настани и истакнати личности за 2024 година, веднаш беше затворена бидејќи рокот за кој беа даде предлог заклучоците е поминат, и не се исполнети условите за гласање по истите.
Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска како предлагач на Законот посочи дека поимот дијаспора е премногу општ односно не е доволно добро дефинирано што точно претставува дијаспора, и оти е подобро да се користи поимот „надвор од државата“.
Според пратеничката Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ, поимот „надвор од државата“ не е правничка синтагма и како таков не може да се користи во Уставот.
Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ како предлагачи повлекоа неколку амандмани бидејќи беа исти со амандманите предложени од владечката партија, кои беа усвоени.
Подготвено од М.Д.