10.01.2024 Скопје
Министерот за здравство Фатмир Меџити на отворањето на новата Поликлиника во Сарај, меѓу другото одговараше и на прашања од новинари меѓу кои беше и прашањето, каква е состојбата со големата кашлица во државата, на што тој одговори дека се превземаат сите чекори, со сите европски институции, и во тој правец одиме во добра насока и дека не можеме да го смениме менталитетот на граѓаните преку ноќ.
Тој повика да се вакцинираат сите деца затоа што тие се нашата иднина, и пред се треба да водиме сметка за нивното здравје, со тоа би имале и држава со здрава иднина.
Подготвено од М.Д.