25.01.2024 Скопје
Податоците на Европската агенција за статистика – Евростат покажуваат дека во земјите на Европската унија минатата година има забележителен пораст на онлајн образовните курсеви.
Според податоците, 30 отсто од корисниците на Интернетот во ЕУ на возраст меѓу 16 и 74 години следеле онлајн курсеви или користеле онлајн материјали за учење, што е два процентни поени повеќе во однос на 2022 година.
Холандија има најголем удел (54 проценти) од интернет-корисниците кои се образовани преку Интернет, потоа Финска (53 проценти), Шведска (48 проценти), Шпанија (47 проценти) и Естонија (45 проценти).
Онлајн образованието не било вообичаено во Романија, каде што се забележани само 10 проценти, Кипар (16 проценти), Бугарија и Грција (по 17 проценти) и Полска (18 проценти).
Податоците на Евростат покажуваат дека севкупно, учеството во онлајн образованието во 2023 година е зголемено во споредба со 2022 година.
Според податоците на Евростат, процентот на луѓе кои посетуваат курсеви преку Интернет или користат материјали за учење преку Интернет е зголемен во повеќето земји од ЕУ, при што најголем пораст е забележан во Холандија (12 процентни поени), додека падот е забележан во Грција (12 процентни поени).
Подготвено од А.Ѓ.