10.01.2024 Скопје
Двајца полски пратеници на кои судот им нареди да одат во затвор се уапсени во претседателската палата, објавија локалните медиуми.
Уапсени се пратеникот Маријуш Камински, кој беше осуден за злоупотреба на функцијата шеф на полското Централно биро за борба против корупцијата и неговиот заменик Мациеј Васик.
Апсењето го засили конфликтот меѓу шефот на државата Анджеј Дуда и новата проевропска влада на премиерот Доналд Туск.
Туск претходно го обвини Дуда дека ја попречува правдата откако двајцата пратеници се појавија во палатата, што ја натера полицијата да ги бара во автомобили што го напуштаат комплексот.
Дуда го помилува Камински во 2015 година, неколку недели по доаѓањето на власт на националистичката партија ПиС. Помилувањето му овозможи на Камински да стане министер за внатрешни работи.
И Камински и Васик се од партијата ПиС.
Адвокатите го доведоа во прашање правото на Дуда да го помилува Камински пред апелациониот суд да ја донесе конечната одлука. Врховниот суд минатата година најави дека случајот треба повторно да се отвори.
Камински и Васик, неговиот заменик во МВР, минатиот месец беа осудени на две години затвор за злоупотреба на службената положба.
Полскиот суд најави дека двајца членови на поранешната влада треба да одат во затвор.
Подготвено од А.Ѓ.