03.01.2024 Скопје
Мароканската полиција соопшти дека запленила 1.488 тони кокаин скриен во кутии со банани во северното пристаниште Тангер.
Дрогата била пронајдена во контејнер, на брод кој пловел од Јужна Америка кон Турција под знаме на европска земја, се наведува во соопштението на полицијата.
Акцијата е спроведена во координација со шпанските безбедносни служби, соопшти мароканската полиција, истакнувајќи дека истрагата е во тек.
Во октомври мароканската полиција заплени 1,37 тони кокаин во Казабланка.
Дрогата била скриена во пратка увезена риба пронајдена во дистрибутивна компанија во најголемиот град во Мароко, а товарот бил увезен од Латинска Америка и се движел преку Шпанија.
Подготвено од А.Ѓ.