hrvatska vojska

30.01.2024 Скопје

Повеќе од 75 отсто од испитаниците поддржуваат воведување на некаква форма на воена обука во Хрватска, покажува најновата анкета.

И додека 75,5 отсто од анкетираните поддржуваат некаква форма на воена служба, нешто повеќе од 20 отсто од нив не ја поддржуваат, а четири отсто одговориле дека не знаат.

Како причина за отворање на дискусијата за воведување воена обука, околу 61 отсто од испитаниците ја навеле влошувањето на безбедносната состојба и конфликтите во светот, а околу 20,5 отсто од нив сметаат дека станува збор за предизборната кампања во Хрватска.

Околу 5,5 отсто од анкетираните сметаат дека причината е вооружувањето на Србија и воведувањето воен рок во таа земја.

Истражувањето за HRating на примерок од 1.000 испитаници беше спроведено од 24 до 26 јануари со маргина на грешка од +/-3,04 проценти и ниво на доверба од 95 проценти.

Речиси 54 отсто од испитаниците одговориле дека воената обука треба да се воведе за мажи, а 14 отсто дека треба да биде задолжителна и за мажите и за жените.

Што се однесува до должината на воената обука, мнозинството од испитаниците, околу 45 отсто, сметаат дека таа треба да трае шест месеци, а 30 отсто три месеци. 15 отсто од нив се одлучиле за една година обука.

Повеќе од 30 отсто од анкетираните сметаат дека воената обука е добра за растење и градење карактер, а околу 24 отсто за националната безбедност.

Меѓу причините против служењето на воениот рок, повеќето од нив наведоа дека треба да има слобода на избор и можност за приговор на совеста, а потоа дека професионалната армија е поефикасна, дека служењето е бесмислено малтретирање на младите и непотребен трошок.

Десет проценти сметаат дека членството на Хрватска во НАТО е доволна заштита.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author