Image by freestockcenter on Freepik

20.01.2024 Скопје

Предлогот за усвојување на нова европска законска регулатива со која треба да се воспостави заедничка рамка за медиумските услуги во Унијата и да се заштитат слободата на медиумите, медиумскиот плурализам и уредувачка независност во блокот е поддржан од земјите членки на ЕУ.

Со Европскиот закон за слобода на медиумите се воспоставува заедничка рамка на ниво на ЕУ за медиумските услуги на внатрешниот европски пазар, се воведуваат мерки за заштита на новинарите и медиумите од политичко влијание и истовремено се олеснува медиумското работење во границите на Унијата.

Европскиот совет посочи дека новите правила ќе го гарантираат правото на граѓаните за пристап до слободни и информации од повеќе извори и ќе ја дефинираат одговорноста на земјите членки да обезбедат соодветни услови и рамка за заштита на ова право.

Според министерот за млади, медиуми и намалување на сиромаштијата на белгискиот регион Фландрија, Бенјамин Дале, оваа прва регулатива поврзана со културата и медиумите за време на претседавањето на Белгија со Унијата е особено значајна за слободата на медиумите и плурализмот во ЕУ.

Предлогот за усвојување на Европски закон за слобода на медиумите го иницираше Европската комисија на 16 септември 2022 година. По повеќе од една година консултации и усогласувања меѓу институциите на Унијата, лани во октомври започнаа преговорите меѓу Советот на ЕУ и Европскиот парламент по текстот на конечната верзија на Законот, кој беше усогласен со постигнатиот договор на 15 минатиот месец.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *