tramvai

17.01.2024 Скопје

Наскоро ќе започне тестирањето на новите трамваи Штадлер на шините, односно во сообраќајот во Сараево, најави Аднан Штета, министер за транспорт на кантонот Сараево.

Првиот од вкупно 15 купени нови трамваи пристигна во Сараево кон средината на декември, а вториот од нарачаните трамваи синоќа беше испорачан во депото на компанијата.

Аднан Штета на социјалните мрежи објави фотографија од трамваи од швајцарската компанија Штадлер кои се подготвени за првите возења.

„Нова железница чека нови трамваи. Наскоро ќе започнеме со тестирање на новите трамваи Штадлер на улиците на Сараево“, најави Штета.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author