04.01.2024 Скопје
Пасошите нема да важат по 12 февруари, без разлика на рокот на истекување, а за личните карти и возачките дозволи ќе треба дополнително да се одлучува со оглед дека граѓаните сѐ уште чекаат термини. Институциите размислуваат да донесат одлука со која, валидноста на личните карти и возачките ќе бидат продолжени за уште неколку месеци.
Граѓаните се плашат дека без документи нема да можат да функционираат, односно да вршат институционална идентификација, подигнуваат пензии и плати.
Одлуката која моментално е на сила, истекувањето на важноста на документите да биде до 12 февруари. Ова е промена која ја наметнаа уставните измени. Процесот на промена на документи не одеше брзо за граѓаните. На пунктовите во Скопје секојдневно има гужви.
„Ве известуваме дека МВР ги користи сите капацитети за граѓаните да добијат лични документи. Покрај редовното работење со закажан термин, овозможивме и фотографирање за лични документи без закажан термин во ПС Пролет. Што се однесува до подигнувањето на веќе готови документи, шалтерите работат и преку викенд и тоа соодветно го најавуваме преку медиумите за граѓаните да бидат информирани кога и каде можат да подигнат документи“, велат од МВР.
Подготвено од М.Д.