papata francisko

29.01.2024 Скопје

Папата Франциско повика на почитување на цивилите во областите на конфликти и посочи дека луѓето се уморни од војните, кои, како што рече, претставуваат „катастрофа за народите и пораз за човештвото“.

Папата истакна дека мора да се почитуваат цивилите кои живеат во областа на Блискиот Исток, која е погодена од конфликтот меѓу Израел и Хамас, но и дека е неопходно да се обезбеди пристап до хуманитарна помош за ранливите во Мјанмар.

Во говорот по неделната молитва на ангелите на плоштадот Свети Петар во Ватикан, Папата укажа и на тешката состојба на цивилите во Украина.

Поглаварот изрази „олеснување“ што група луѓе, меѓу кои и шест калуѓерки, кои беа киднапирани на Хаити пред речиси една недела, се ослободени.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author