24.01.2024 Скопје
По повод 27 Јануари – Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите од холокаустот, Папата Франциск упати апел за крај на сите војни.
Поглаварот на Римокатоличката црква истакна дека сеќавањето и осудувањето на тоа „страшно истребување на милиони луѓе може да им помогне на сите да не заборават дека логиката на омраза и насилство никогаш не може да се оправда“.
„Не треба да се замориме од молитвите за мир, да престанат судирите, да замолкне оружјето и исцрпеното население да здивне“, додаде Папата Франциск.
Папата ги посочи израелско-палестински конфликт и бомбардирањето на цивилите во „маченичка Украина“.
„Војната е секогаш пораз во која единствените победници се производителите на оружје“, истакна Папата.
Подготвено од А.Ѓ.