jeton-sakiri

31.01.2024 Скопје

Министерството за образование и наука во буџетот за 2024 година обезбеди повеќе парични средства наменети за ученичките домови во државата, со цел да се подигне квалитетот на услугите кои им се даваат на учениците од аспект на сместување, престој и исхрана, соопшти министерот Јетон Шаќири.

„Износот на месечната партиципација по ученик која ја покрива Министерството за образование и наука е значително зголемен и отсега изнесува 11.000 денари. Претходно, на ученичките домови им се префрлаа по 7.500 денари за еден ученик, согласно одлука од 2010 година.

Грижата за учениците и подигнувањето на ученичкиот стандард, останува еден од врвните приоритети на МОН. Во изминатите две години значително се зголемени износите на ученичките стипендии, а воведени се и нови категории. Неодамна обезбедена е поддршка за основците и средношколците во висина од 1.200, односно 1.800 денари месечно, заклучно со месец мај, со цел да се олеснат трошоците на семејствата во период на економска криза“, вели министерот.

Потсетуваме дека изработен е и нов Закон за средно образование кој исто така обезбедува повеќе права и можности за средношколците, а за прв пат се уредува и ученичкото организирање, нагласуваат од Министертвото за образование и наука.

Подготвено од М.Д.

About Author