20.01.2024 Скопје

Во кантонот Цирих, дури 1.500 таксисти останаа без работа бидејќи не зборуваат доволно германски.

На почетокот на годинава стапи во сила новиот закон според кој секој што не може да покаже сертификат за познавање јазик на ниво Б1 не може да добие лиценца за работа како таксист.

Ова го потврди претседателот на Здружението на таксисти во кантонот Цирих, Георг Ботонакис, кој немал разбирање за таксистите кои останале без работа.

„Кантонот ја информираше такси индустријата за оваа вест пред четири години“, рече Ботонакис.

Тој смета дека таксистите имале време да го научат германскиот јазик.

Според новиот закон, таксистите во кантонот Цирих ќе добијат лиценца само доколку можат да покажат познавање на германскиот јазик барем на ниво Б1.

Дури 1.500 таксисти не можеле да го дадат овој доказ и сега се без работа, пренесуваат швајцарските медиуми.

„За некои оваа одлука беше изненадувачка. Сепак, тие самите имаат вина. Ги информиравме за новиот закон пред повеќе од четири години“, повтори Ботонакис.

Според него, тоа што толку многу таксисти не знаеле добро германски и штети на такси индустријата.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *