https://www.flickr.com/photos/european_parliament/5372036953

17.01.2024 Скопје

Унгарија ќе биде принудена да го прекине финансирањето на Украина во рамките на ЕУ доколку планот на Будимпешта да го финансира Киев надвор од буџетот на ЕУ биде одбиен, изјави премиерот Виктор Орбан.

На заедничката прес-конференција со словачкиот премиер Роберт Фис, Орбан рече дека Унгарија предлага да ја финансира Украина без да му наштети на буџетот на ЕУ и без заеднички заем.

Тој посочи дека Унгарија е подготвена да го плати својот дел од националниот буџет.

„Ова е предлог на Унгарија. Доколку Брисел го прифати, Украинците ќе добијат помош надвор од буџетот на ЕУ. А ако не го прифати, тогаш, за жал, ќе бидеме принудени да го запреме овој процес“, рече Орбан.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author