23.01.2024 Скопје
Продолжено ограничувањето на цените на основните прехранбени производи, вода и одредени видови пијалоци до 29 февруари.
Со донесените измени на постоечката Одлука чија важност истекуваше на 31-ви месецов, Владата на предлог на Министерството за економија, ја продолжи за уште еден месец.
Со мерката ограничени цени опфатени се определени видови основни прехранбени производи како оризот, брашното, лебот и други пекарски производи, бисквити, наполитанки, тестенини, месо и производи од месо, млеко, јајца, сирење, кашкавал и други млечни проиводи.
Ограничувањето на цените останува и кај минерална негазирана и газирана вода и негазирани и газирани пијалоци, во определени пакувања и светлото пиво.
Подготвено од М.Д.