maroko 123

10.01.2024 Скопје

Мароко денеска беше избран да го води Советот за човекови права на Обединетите нации.

Мароканскиот кандидат, амбасадорот Омар Знибер, доби 30 гласа за поддршка, додека неговиот јужноафрикански противкандидат, амбасадорот Мколиси Нкоси, обезбеди 17 гласови за поддршка на тајното гласање во Женева.

Пред гласањето, Нкоси изјави Мароко е „антитеза на она за што се залага Советот“ и додаде дека изборот на Мароко ќе го поткопа кредибилитетот на телото.

Мароко, пак, ја обвини Јужна Африка и другите африкански држави дека ги поткопуваат нејзините напори да ја добие позицијата, која е престижна, но во голема мера симболична.

„Изборот на Кралството, поддржан од голем број земји ширум светот и покрај напорите на Алжир и Јужна Африка да му се спротивстават, ја покажува довербата и кредибилитетот инспирирани од надворешната акција на Мароко…“, соопшти мароканското Министерство за надворешни работи.

Гласањето беше редок јавен спор во африканската група, чиј ред беше да го води 47-члениот совет. Таа обично се обидува да донесува одлуки како блок.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author